На едно семејство за живот му требаат најмалку 65.173 денари месечно

Минималните трошоци на едно семејство во ноември изнесуваат 65.173 денари, а со изнајмен стан од 60 квадрати – 80.548 денари, соопшти Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ).

Податоците на ССМ, кој ја изработува синдикалната минимална кошница што ги одразува трошоците на животот на четиричлено семејство, покажуваат дека за храна и пијалаци месецов се потребни 23.534 денари, а за режиски трошоци 6.130 денари.

Во споредба со октомври, кога за минимални месечни трошоци биле потребни 65.544 денари, минатиот месец има намалување од 371 денар.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e