На дневен ред за разрешување е судијата кој гласаше за притвор на Груевски

Судскиот совет го стави на дневен ред разрешувањето на судијата Дарко Тодоровски од Основниот суд Скопје 1, кој беше изземен од кривичниот совет што одлучуваше за притворот на експремиерот Никола Груевски, истиот ден кога беше соопштено дека не му е одредена мерка притвор на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, но и на останатите обвинети во предметот на СЈО „Титаник“: Гордана Јанкулоска, Миле Јанакиески, Мартин Протоѓер и Кирил Божиновски, пишува СДК.

Според архивата со последните соопштенија на Судскиот совет, во дневниот ред на 259. седница на Советот, на 21.06, во шестата точка е спомнато разрешување на еден судија. Неофицијално, дознавме дека се работи за предлог-разрешување на судијка од Радовиш.

На трети јули, по драматичниот викенд кога судијата од кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1 Дарко Тодоровски гласал за притвор на обвинетата петорка од ВМРО-ДПМНЕ на чело со Груевски, и експресно беше изземен, претседателот на Судскиот совет Зоран Караџовски го ставил на дневен ред на истата таа 259. седница, во шестата точка, за разрешување.

„Донесени се одлуки со кои се определени известители од редот на членовите на Судски совет на Република Македонија по поднесени барања за утврдување на нестручно и несовесно вршење на судиската функција од Советот за утврдување на факти и покренување на постапка за утврдување одговорност за судија“, стои во соопштението на Судскиот совет објавено на трети јули, дента кога Основниот суд Скопје 1 објави соопштение дека се одбива барањето притвор од СЈО против Груевски и останатите.

Ден претходно, судијата Тодоровски беше изземен, а за да се добие сооднос на гласовите 2 спрема 1 за отфрлање на притворот, како што пишуваше САКАМДАКАЖАМ.МК, од пат од Битола беше вратен друг судија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e