По социјалните мрежи се споделува свечената изјава потпишана од кадарот на Мицкоски и Груевски, Цветан Трипуновски во која изјавува дека функцијата дополнителен заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство на Република Северна Македонија ќе ја врши совесно и одговорно и ќе ги почитува Уставот и законите на Република Северна Македонија.
Изјавата од една реченица, два пати го содржи новото уставно име кое ВМРО-ДПМНЕ толку многу го негираше во опозиција, но сега кога нивни кадри влегоа во владата, одеднаш, тоа не им пречи.
Истите тие функционери од ВМРО-ДПМНЕ кои станаа дел од извршната власт ќе земаат плата од владата на Република Северна Македонија.