На 36 години – почина истакнатиот македонски гитарист и професор Кристијан Волчев

Македонската музичка сцена е во жалост. На 36-годишна возраст, почина Кристијан Волчев, истакнат гитарист, професор, композитор и аранжер.

Роден во Скопје во 1988 година, Волчев беше класичен гитарист, школуван во ДСУ „Никола Карев“. Тој претставуваше уникатен мост меѓу класичната виртуозност и современите музички изрази.

Покрај неговата кариера како гитарист на алтернативниот рок бенд Греј (Grey), Кристијан Волчев работеше и како професор по класична гитара, инспирирајќи и менторирајќи бројни млади музичари.

Неговиот талент дојде до израз и преку неговите аранжмани на народни мелодии како „Јовано Јованке“ и „Со маки сум се родила“, кои беа широко прифатени од публиката како емоционални и културно значајни ремек-дела.

Во 2022 година, тој го објави EP-албумот „Synesthesia Live In Skopje“, дело кое маестрално ги спои класичните техники со кросовер звучност, оставајќи траен белег во сеќавањето на неговите слушатели.

Роднините и пријателите се збогуваат со него на социјалните мрежи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e