Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски во денешното гостување на Сител ТВ во Тема на денот информираше дека во новата ИПАРД 3 програма се подигнува прагот на инвестиции, се со цел поголеми капитални проекти за модернизација на домашното земјоделство. Приближно 100 милиони евра на располагање, односно зголемен буџет за 62% во споредба со ИПАРД 2 , како признание за одличната искористеност на средствата што не’ позиционираше на првото место во регионот.
– Малите земјоделски стопанства не ги забораваме, напротив тие ќе може да аплицираат во нови седум национални програми кои ги подготвивме, за поддршка на малите производители на храна, вино и мали дестилерии со грантови до 10.000 евра, изјави Николовски.
Министерот додаде дека дополнително со новиот модел за субвенционирање кој е креиран заедно со земјоделците, утврдени се 20 значајни култури за државата, кои се финансираат 100 процентно, поттикнувајќи поголем принос, односно зголемување на домашното производство, а со тоа и помала увозна зависност.
Целото интервју погледнете го на видеото подолу: