МЗШВ за само една недела со голем број на активности во интерес на граѓаните

За само една недела МЗШВ спроведе голем број активности во интерес на граѓаните.

Во понеделникот се објави најавата за повик од програмата ИПАРД за мерката за развој на фарми и бизниси во износ од близу 10 мил евра.

Потоа се склучија 43 договори со фармери за инвестиции во системи за наводнување капка по капка.

Се склучија 318 договори за доделување на земјоделско земјиште по 3 хектари.

Се исплатија субвенциите на сите пчелари во износ од 2.2 милиони евра.

По долго време се формираше Советот за земјоделство и рурален развој. Завршен е проектот финансиран од МЗШВ а реализиран од ФЗНХ за мапирање на локациите за изградба на откупно дистрибутивни центри за што се обезбедени 20 милиони евра од Светска банка.

Се доделија решенијата на општините за реализиција на 202 капитални проекти за изградба на локални патишта, водоводи, канализации, пазари и други инвестиции во руралните средини во износ од 38 милиони евра.

Неделата завршува со позитивните резултати кои покажуваат 13 % раст на земјоделството во вкупната економија.

Актуелниот министер, Љупчо Николовски поради новата партиска позиција, Генерален секретар на СДСМ, на негово барање наскоро ќе му заврши мандатот во министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, но министерството го остава во одлична кондиција, со огромен број на крупни реализирани проекти, за што искрено се надеваме дека неговиот наследник, ќе го продолжи брзото темпо на работа на својот предходник, пред се`за доброто на земјоделците.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e