Денеска во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство претставници на USAID и здружението „Знак за квалитет“ го презентираа документот за политики „Катализирање на раст во млекопроизводството“ кој ја отсликува состојбата во млекопроизводството.
На средбата беа дефинирани слабостите со кои се соочува овој сектор како и препораките за негов развој и усогласување со европските регулативи.
„Како министерство работиме на развој на млекопроизводството преку Програмите за финанасикиска подршка во земјоделството и руралниот развој и мерките од ИПАРД Програмата. Во следниот период започнуваме поинтезивен дијалог со сите чинители за заеднички да креираме ефикасни мерки и да создадеме одржливо млекопроизводство.“ – порачаа од МЗШВ.