Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, со помош од американската амбасада, ќе биде првото министерство кое ќе биде вклучено во CIDR програмата за дигитализација на отпорност на критичната инфраструктура.
-Огромна благодарност до U.S. Embassy North Macedonia која позитивно одговори на нашето барање пратено веднаш по хакерскиот напад. Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство ќе биде првото министерство кое ќе биде вклучено во CIDR програмата за дигитализација на отпорност на критичната инфраструктура.
Денес претставниците од USAID North Macedonia и CIDR програмата ни го презентираа предлогот за активности кои ќе ја подобрат сајбер безбедноста на министерството, а со тоа ќе се подобри отпорноста од евентуални идни сајбер-напади, информираше реосниот министер Николовски.

