МЗ: Во добра здравствена состојба се деветтемина жители на Кочани кои побараа помош поради вдишување чад од пожарот

Деветтемина жители на Кочани кои синоќа побараа лекарска помош поради вдишување чад, како последица од пожарот, се во добра здравствена состојба и сите се пуштени дома, соопшти денеска Министерството за здравство.

Пациентите, како што се посочува, синоќа беа задржани во болница неколку часа и примаа кислородна терапија.

Од Министерството информираа дека во пожарот никој не се здобил со изгореници.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e