МЗ: Регистрирани се 39 нови случаи на Ковид-19, оздравеа 12 лица

Министерството за здравство информираше дека во последните 24 часа се направени 3.839 тестирања, а регистрирани се 39 нови случаи на КОВИД-19:

• Тетово – 14
• Скопје – 12
• Гостивар – 5
• Куманово – 4
• Кичево – 2
• Битола и Валандово – по 1

Не се регистрирани починати пациенти.

Регистрирани сe 12 оздравени пациенти од:

• Тетово – 6
• Скопје, Гостивар и Дебар – по 2.

Досега во земјата се направени вкупно 959.456 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 156.124 бројката на оздравени пациенти е 150.307, на починати е 5.491, а бројот на активни случаи изнесува 326.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e