МЗ: Регистрирани се 26 нови случаи на Ковид-19, оздравеа 8 лица

Министерството за здравство информираше дека во последните 24 часа се направени 2.866 тестирања, а регистрирани се 26 нови случаи на КОВИД-19:

• Скопје – 13
• Тетово – 5
• Гостивар – 3
• Кичево – 2
• Куманово, Прилеп и Штип – по 1.

Не се регистрирани починати пациенти.

Регистрирани сe 8 оздравени пациенти од:

• Струмица – 3
• Куманово и Тетово – по 2
• Скопје – 1.

Досега во земјата се направени вкупно 920.045 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.866, бројката на оздравени пациенти е 150.154, на починати е 5.487, а бројот на активни случаи изнесува 225.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e