Министерството за внатрешни работи (МВР) ги отфрли наводите од поранешниот градоначалник на Аеродром, Ивица Коневски, дека вчера полицајци го малтретирале при рутински сообраќаен преглед.
– Вчеравечер, околу 20,20 часот на булеварт Илинден во непосредна близина на булеварот Св. Климент Охридски, од сообраќајна патрола е сопрено посоченото возило и при контролата е утврдено дека, спротивно на законските прописи, на возилото имало посебни светлосни знаци (флешери). Поради тоа на возачот му е изречен прекршочен платен налог согласно член 139, став 11, од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата – велат од МВР.