МВР потврди: Сите учесници во хуманитарната акција во Струмица имале дозволи за движење за време на полицискиот час

Доцна синоќа хуманитарната акција на Здружението „Сите заедно можеме“ во Струмица била попречена од страна на полицијата и јавен обвинител кои околу 23ч влегле во магацинот каде волонтерите ги подготвувале пакетите за донација која всушност била од семејството на лидерот на СДСМ Зоран Заев и им барале разни документи.

– Скандалозно е хуманитарна акција да се политизира и уште полошо да се прават секакви обиди истата да биде спречена само заради тоа што не им одговара на Мицкоски и Наќе Чулев. Семејството Заеви донираа значителна количина на прехранбени производи за да им излеземе во пресрет на граѓаните на кои помошта во овие тешки денови им е најпотребна, изјави денеска Александар Марковски од Здружението „Сите заедно можеме“ по скандалот со блокирање на акцијата за хуманитарна помош во Струмица од страна на полицијата.

Тој додаде дека сите кои учествувале во подготвувањето на пакетите се волонтери на Општинскиот кризен штаб или на струмичкото Здружение „Сите заедно можеме“.

Ова го потврди и МВР.

-Од страна на полициски службеници лицата се легитимирани по што е констатирано дека дел од лицата поседуваат дозволи за движење на вработен поради вршење на сменска и ноќна работа издадени од Здружение за хуманитарни цели „Сите заедно можеме“ а дел од лицата поседуват Известување издадено од Општинскиот штаб за заштита и спасување при општина Струмица на 10.04.2020 година., велат од МВР.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e