МВР: Потпишан договор за соработка со уште една образовна институција

Денеска (07.02.2018) во Министерството за внатрешни работи беше потпишан договор за соработка помеѓу Факултетот за правни науки при Меѓународниот Славјански Универзитет „Гаврило Романович Державин“ Свети Николе – Битола, Република Македонија и Министерството за внатрешни работи. Договорот за соработка го потпишаа деканот на Факултетот за правни науки, проф. д-р. Александар Илиевски и министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.

27625020_933807673463523_3965623070408333586_o

Соработката помеѓу Министерството за внатрешни работи и Факултетот за правни науки ќе се остварува преку изведување на практична клиничка настава за студентите на Факултетот во секторите за внатрешни работи и организациските единици во Министерството.

Соработката, исто така, ќе се остварува и преку организирање на заеднички конференции, работилници, со користење на заедничките ресурси, како и  преку организирање на заеднички  обуки.

27503832_933807603463530_5394965400215716669_o

27748183_933807590130198_966212060799799899_o

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e