Пратеникот од редовите на СДСМ, Мухамед Зекири е еден од можните кандидати за градоначалник на Скопје, дознава „Фокус“ од неофицијални извори во партијата.
Според информации на неделникот, за градоначалничката фотеља во Скопје од СДСМ засега се вртат имињата на тројца кандидати меѓу кои Зекири, Петре Шилегов, кој е исто така пратеник од владејачкото мнозинство, како и Дамјан Манчевски, кој во моментот е министер за информатичко општество и администрација.
Исто така, извори за “Фокус” тврдат дека Зекири најдобро стои на анкетите што се спроведени во Чаир, како можен кандидат за градоначалник на оваа скопска општина, каде би добил поддршка и од „интегративците“.