Можен дефект на автобусот како причина за несреќата

Можен дефект на автобусот на Беса Транс е новата верзија што ќе ја проверуваат бугарските истражители, откако на 300 метри пред местото на катастрофата откриле истекување

Ова во телевизиско итнервју го соопшти министерка за регионален развој Виолета Комитова, која ги повтори наодите дека квалитетот на маркирањето на патот и банкините останува и понатаму најсериозен проблем, иако според неа брзината со која се движел автобусот на Беса Транс не е директна причина за несреќата.

-Имаме возач, но никој не коментира. Но ако возачот допуштил грешка, кој е доведен во опасност? Ако на возачот му се слошило? Имаме и превозно средство, кој гарантира и дава ли некој 100% гаранција дека на тоа превозно средство не му се случил дефект? Ние имаме и индикации дека на 300 метри претходно течело гориво, имало чад,изјави – Виолета Комитова – Министер за регионален развој.

Која е точната причина за несреќата треба да покажат противпожарните и сообраќајните вештачења. Освен техничката исправност на автобусот и лошата патна сигнализација, како верзија се проверува и грешка на возачот.

Инаку денеска од болницата Пирогов во Софија е пуштен и последниот, седмиот преживеан патник кој поради потешките повреди беше задржан на Клиниката за неврохирургија, а лекувањето ќе го продолжи во земјава.

Денеска заврши и идентификацијата на сите 45 жртви, потврдија за Канал 5 од Инситутот за судска медицина.. Според планот на МНР, нивните оставки ќе бидат пренесени во Скопје во петок на утро со авион, и веднаш ќе им бидат предадени на семејствата за погреб.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e