Можат ли Мицкоски и новиот ИК да го одржат Груевски на чело на ДПМНЕ?

Порталот Фактор уште пред неколку месеци успешно прогнозираше дека Христијан Мицкоски ќе биде еден од новите фронтмени на ВМРО-ДПМНЕ и тоа се оствари со неговото поставување на функцијата генерален секретар на партијата. Пред тоа имаше и похрабри предвидувања во домашната јавност дека апетитите на Мискоски се многу поголеми и дека тој ја „мерка“ лидерската позиција на ВМРО-ДПМНЕ, но сепак се уште не е доволно моќен и „докажан“ за да го смени „гранитниот“ Груевски. Мицкоски како директор на државното претпријатие ЕЛЕМ имаше можност да управува со огромни буџети и да стекне големо влијание на домашната сцена, но неговиот „вмровски“ углед треба допрва да се гради.

Мицкоски барем досега не одговараше на типичниот профил на партиски функционер бидејќи поретко се вмешуваше во дневната политика, но токму сега од него ќе се чекаат таков вид на активности. Сепак, и со неговото назначување како и изборот на нови членови на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ не се остави голем впечаток во јавноста дека ете токму сега партијата доволно се реформирала откако по 11 години на власт прејде во опозиција.

Целиот текст на порталот Фактор прочитајте го тука

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e