МОН: ВМРО ДПМНЕ изнесува лажни тврдења за ребалансот на буџетот во Министерството за образование и наука

Почитувани,

Во бројна низа од прес конференции, политичката партија ВМРО ДПМНЕ изнесува лажни и лицемерни тврдења во однос ребалансот на буџетот во Министерството за образование и наука.

Како што веќе ја известивме јавноста, стапката на реализација на предвидените проекти (инвестиции) за првите 5 месеци од 2017 година, период во кој работеше минатата Влада е исклучително ниска – во просек изнесува 6 % и е невозможно до крајот на годината да се реализираат 94% од планираниот Буџет. Истакнуваме дека вината за малата стапка на реализација во претходните 5 месеци мора да се посочи во минатата Влада, нејзината неактивност и неизвршување на работните обврски.

Мора да ја информираме јавноста дека локалните самоуправи кои во најголем број се раководени од политичката партија ВМРО – ДПМНЕ не издаваат одобренија за градби за изградба на училиштата и спортските сали, правејќи застој, свесно и намерно го опструираат целиот процес и инвестиции во образованието.

Ја известуваме јавноста дека основните и средни училишта нормално и непречено ќе ја вршат својата работа до крајот на годината а квалитетот на образованието, наставата, или пак ученичкиот стандард во ниту еден случај нема да дозволиме да страда, напротив, ќе ги издигнеме на повисоко ниво.

За крај би сакале да ја потенцираме и суштината на самиот инструмент на ребаланс на буџетот, кој се употребува со цел да се скрати на местата каде што не е возможна реализација на буџетските ставки, а се додава онаму каде што се потребни повеќе финансии, што претставува одговорно финансиско планирање, стои во реакцијата од Министерството за образование и наука.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e