МНР потврди: Од Кочани е Македонецот кој бил пронајден мртов во Љубљана

До македонската амбасада во Љубљана е доставено известување дека во текот на ноќта на 2 октомври, животот го загубил македонски државјанин, роден во 1986 година во Кочани, соопшти Министерството за надворешни работи.

Согласно информациите од словенечката полиција, блиските на починатиот се веќе известени, а случајот го разгледува Секторот за криминалистичка полиција.

Амбасадата на Република Северна Македонија во Љубљана е во контакт со семејството на починатиот и со надлежните словенечки институции, со цел обезбедување на потребната конзуларна поддршка и следење на понатамошниот тек на постапката.

На улица во Љубљана во петокот бил пронајден мртов човек, кој по анализите и истрагата, е идентификуван како 38-годишен маж од Македонија, соопшти словенечката полиција. Според првичните неофицијални информации, тој бил претепан до смрт.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e