– Младите земјоделци се високо во нашите приоритети, и тоа сме го докажале. Работиме на креирање на Сојуз на млади земјоделци, позитивен пример кој го црпиме од Словенија. Работиме и на формирање на подсекторска група за млади, како и на посебна земјоделска програма за млади фармери. Во реализација на оваа идеја наши успешни млади земјоделци и млади фармери имаа можност да престојуваат на студиско патување во Словенија, за директно од таму да го видат и да се запознаат со словенското позитивно искуство. посочи денеска министерот за земјоделство Љупчо Николовски од работилницата за поддршка на Сојуз на рурални фармери.


– Преку фер шанса за напредок, и поддршка кон секој млад човек може да ги задржиме младите дома, потенцира министерот.



