Митрев: Луѓето не го сфаќаат сериозно сето ова со Ковид-19

Луѓето не баш сериозно го сфаќаат сето ова со Ковид-19 и како да немаат сознание колку е оваа лоша болест кога ќе се рашири, изјави кардиохирургот Жан Митрев во вечерашното гостување во “Само вистина” на Канал 5 телевизија.

„Како болница Филип Втори ние продолживме со работа со сите мерки, засега останавме чиста болница, немаме заразени со Ковид-19. Сите позитивни кои ги примаме ги оперираме под сите мерки за изолација.

Денеска имавме голема навала за тестирање за Ковид-19, за жал се потврди мојата претпоставка дека дури кога ќе се заврши со карантин мерките со тоа опуштање и не толку сфаќање сериозно на состојбата ќе допринесе до повторно враќање на вирусот. Направивме пакет за еден збирен пакет се плаќа еден тест а се тестираат 5 луѓе, ако е позитивен треба посебно да се тестира, ако е негативен не треба повторно да се тестира. Дневно правиме меѓу 150 и 200 теста“, посочи Митрев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e