Митко Јанчев: Одлуките на Мицкоски на моменти делуваат монструозно

Актуелниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски е поопасен од Никола Груевски. На партијата и се потребни реформи бидејќи и самите граѓани препознаваат дека партијата на чело со Мицкоски оди во погрешна насока. .

Ова го изјави Митко Јанчев, градоначалник на Кавадарци и поранешен заменик претседател на партијата во изјава за Фокус.

-Уште еднаш, по кој знае кој пат се покажува вистинскиот лик и авторитарната нишка на Христијан Мицкоски. Секаде во цивилизираниот свет градоначалниците присуствуваат на јавни трибини од спротивните политички табори, се со цел за да ги слушнат пораките кои се наменети за доброто на сите граѓани. Оттука, срамно е тоа што Христијан Мицкоски јавно ме премолчува, а тајно на портали игра подземни игри: ме дискредитира и како човек и како градоначалник. Со тоа тој свесно или не, дискредитирајќи ме мене,го дискредитира градоначалникот од редовите на ВМРО ДПМНЕ кој што со својата работа и посветеност секој ден покажува која е нашата мисија, а тоа е да се работи за доброто на народот, граѓаните да се стават на прво место, пред личните и партиските интереси. Едноставно, срамно е – вели Јанчев за ,,Фокус”.

Во изјавата Јанчев вели дека сака на Мицкоски да му порача дека тој е реален човек ко јсе грижи за реалните проблеми на граѓаните на кавадарци.

-Знам дека ми е љубоморен, знам дека е нервозен, ама исто така знам дека неговите одлуки, политички сфаќања за политиката, и конкретно за ВМРО ДПМНЕ се погрешни и на моменти делуваат монструозно. Граѓаните денес препознаваат дека нашата партија на чело со Мицкоски оди во погрешна насока, оди против Европа, оди контра НАТО, оди против самата цивилизираност и реална потреба на граѓаните. Време е ВМРО-ДПМНЕ да се реформира, оти вака повеќе не оди – ни изјави градоначалникот.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e