Мир во душите и радост во вашите домови драги мои сограѓани, порача Николовски од манастриот Св. Јоаким Осоговски

Денешниот ден носи посебна светост,  денеска се поклонуваме пред моштите на свети Јоаким Осоговски во Крива Паланка.

Утрово во манастирскиот храм се одржа заедничката света литургија на Српскиот Патријарх г.г. Порфириј и Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан.

На литургијата присуствуваа и градоначалникот на Крива Паланка Сашко Митовски, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски…

-Мир во душите и радост во вашите домови драги мои сограѓани. Денеска е голем ден, го чествуваме Свети Јоаким Осоговски, заштитник и празник на мојот град. Присуствуваме на Света Архијерејска литургија, запаливме свеќи и се помоливме за подобро утре.
Нека е за многу години! – порача министерот Николовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e