Министерството потврди: Починатата родилка од Охрид нема корона вирус

Негативен на Ковид -19 е резулатот на родилката од Охрид, која доцна синоќа почина на Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје. Пациентката на возраст од 37 години, посочуваат, беше вчера попладне донесена во Скопје со возило на брза помош во високо фебрилна состојба и со мртов плод.

Како што информираше Клиниката за гинекологија и акушерство по пристигнување, на пациентката уште веднаш и е направена целосна лабораторија и земен брис за Ковид-19. Лекарите оперативно го извадиле плодот, а од стомакот на мајката е евакуиран гној. Причина за смртта е најверојатно сепса со масивна тромбемболија. Пациентката e пратена на обдукција по што ќе има егзактна дијагноза.

Според извештајот на Клиниката, се работело за екстремно обезна пациентка, со телесна тежина од околу 150 кг, со висок крвен притисок и тахикардија, која во последните пет месеци воопшто не се движела, а согласно податоците од докторите во Охрид, пациентката не ги извршувала ниту потребните гинеколошки контроли, стои во соопштението од Министерство за здравство.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e