Во последните две години министерот Јолевски, неговите заменици Арбен Лабеништа, Илми Селами и Беким Максути, како и државниот секретар Елизабета Чуповска – Ристова од службените картички потрошиле речиси 2 милиони денари за репрезентација, односно службени ручеци и вечери, објави Телма.
Гледано поединечно службената картичка најмногу ја има користено поранешниот министер Јолевски. Тој во последните две години, додека бил во службени посети во странство, потрошил 19 и пол илјади евра. Во оваа сума е вклучено и хотелското сместување кое тој го плаќал со службената картичка, а кое е речиси половина од потрошените пари.
Сегашниот заменик министер Беким Максути, кој е на таа функција од април минатата година, за 14 месеци успеал да потроши 420 илјади денари или 6.800 евра на репрезентативни трошоци. Две илјади евра тој потрошил за сместување и ресторан во две посети на Велика Британија и Белгија а останатите 300 илјади денари се наплатени во ресторани во Скопје и Тетово. Омилени му се Гурмет и Бос.
Арбен Лабеништа, за четири месеци во 2015 година со службената картичка платил 83 илјади денари или 1350 евра за ручеци и вечери во ресторани во Скопје и Струга.
Се на се тројцата заменици министри во Одбрана за две години успеале да потрошат речиси 11 илјади евра за ручеци и вечери, односно службени состаноци, односно репрезентативни трошоци.
Државниот секретар Елизабета Чуповска – Ристова која за две години потрошила 110 илјади денари службени пари. За разлика од замениците таа знаела и да ја употреби во маркети и сендвичари.
Ова се само трошоци од службените картички. Дополнително во документација од над 700 страници кој беше доставена до Топ Тема на Ваша Страна има и фактури за репрезентација тешки над 20 илјади евра, пари потрошени од сите функционери во Одбрана.
Таканаречените трошоци за репрезентација кои се плаќаат со службените картици се обични ручеци и вечери кои нивните сопственици ги прикажуваат како службени средби. Според информациите на ТОП Тема на Ваша страна, во министерството за Одбрана немало ограничување на трошоците за репрезентација на високи