И во оваа 2024 година носиме мерки и политики кои се во корист на сите земјоделци:
✅Зголемување од 50% на 100% за зелена нафта.
✅Воведување на основна мерка од 6.000 ден по хектар за тутунопроизводители
✅Субвенционирање за косење и одржување на ливадите од 6.000 денари по хектар
✅Дополнителни субвенции за производство на грозје со висок квалитет за добивање на високо квалитетни вина со износ од 40.000 денари по хектар, кои заедно со основните 20.000 денари по хектар вкупно би изнесувале 60.000 денари по хектар
✅Зголемување на субвенции за заклано јагне и јаре од 400 денари на 1.000 денари
✅Зголемување од 4.000 ден на 12.000 ден за крави над 12 месеци.
✅Со автохтоната сорта Станушина во моментот кај 400 лозари се засадени околу 500 хектари, со што на директните субвенции лозарите ќе добијат дополнителни 5.000 денари по хектар или вкупно само за ова мерка би се издвоиле дополнително 2.500.000 денари
✅Исто така за прв пат воведуваме една мерка која се однесува на корисници на ливади и тоа ливади кои ги користат за напасување на добиток и секако косење и одржување на ливадите
✅Зголемување на плата за овчари од 360.000 денари на овчар на 620.000, каде се трга критериумот над 700 метри надморска висина.
Фејсбук статус на Љупчо Николовски – Министер за земјоделство, шумарство и водостопанство