Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, денеска беше во посета на два клучни хидросистеми за наводнување во Тиквешијата, каде што до неодамна имаше проблем со пумпните станици.
-Го посетив хидросистемот во Тиквешкото поле, кој го напојува со вода за наводнување цело Повардарие. Кај овој хидросистем имаше проблем со пумпната станица, но со одлука на Влада, дефектот се отстрани.
Бев во посета и на Бошавичкиот хидросистем, кој е клучен за наводнување на земјоделските површини во кавадаречкиот регион.
Новата Влада, стави посебен акцент на системите за наводнување, кои се од исклучителна важност и се предуслов за современо земјоделско производство. Продолжуваме да работиме во интерес на земјоделците и изнаоѓање на системски решенија за сите проблеми во земјоделството, информира министерот Николовски.