Министерот Николовски се сретна со амбасадорката на Турција, Тулин Еркал Кара

-Со амбасадорката на Р. Турција, Тулин Еркал Кара денеска договоривме да има почести средби на министерско ниво, со цел да се забрза реализацијата на сите отпочнати иницијативи и да се отпочнат нови заеднички проекти, информира министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски.

-Р. Турција како голем партнер на Р. Македонија е подготвена да помогне во секоја област вклучително и во земјоделството. Една од темите за кои што разговаравме беше потпишувањето на Меморандумот за води, со што ќе се овозможи реализација на инвестиции во пет мали акумулации во земјава, потенцира Николовски.

19884255_2003254879896041_2273744362524443065_n

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e