-Денеска бев во посета на браната Конско во Гевгелија. Се запознав со текот на инвестицијата на оваа брана. Се работи за инвестиција од околу 40 милиони евра, во која инвеститор е Министерството за земјоделство,шумарство и водостопанство, а изведувачи се турските компании „Серка“ и „Аккели“. Со оваа инвестиција се планира да се обезбеди наводнување на над 4.500 хектари нови површини во гевгелискиот регон, информираше министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски.
Тој денес имаше обраќање на тркалезната маса ” Развојни трендови во земјоделскиотсектор ЦЕФТА”, бројни состаноци и координации за да изнајде време и од лице место изврши увид на теренот и почетните работи за проектот – Браната КОНСКО.






