Во рамки на официјалната посета на Словенија, министерот Љупчо Николовски заедно со министерката Шинко имаше прилика да посети неколку фарми, водени од млади земјоделци, а каде се применуваат модерни технологии.посети неколку фарми.
„Една од нив е органската фарма Кастелич во селото Мали Врх. Јака Кастелич, млад иноватор и визионер, која на 23-годишна возраст почнала да се занимава со земјоделство, произведува прекрасен чипс од јаболка во кој и самиот се уверив, а се занимава и со поледелство. Добитник на бројни награди, навистина е инспирација и пример за успешен земјоделец. Тука сме да видиме позитивни примери и искуства, кои сакаме да ги пренесеме на нашите млади земјоделци.
Чест ми претставува и што словенската младинска асоцијација ме придружува низ сите посети на фармите, тоа е позитивен пример кој ме мотивира за формирање на ваква организација и кај нас.“, рече Николовски.
„Со словенечката колешка и нашите тимови ја посетивме и фармата Брајер во општина Севница. Младата мајка и фармерка Весна заедно со сопругот Јанез живеат и работат на село, имаат фарма, 25 ха. обработливо земјиште, а заедно со 5 други друштва произведуваат локално вино. Училиштата ги снабдуваат со млеко, угостителските објекти со вино. За ништо не би го менувале ова место и работата.
Со средствата од ЕУ општина Севница има изградено комплетна инфраструктура и сите услови за да младите се задржат и вратат на село.
Со средства од ЕУ се реализираат многу програми за поддршка на младите, задругите, општините.
Словенија е уникатен пример за развој на селата, задругарството и задржување на младите со помош на ЕУ.
Затоа за нас е клучно остварувањето на стратешката цел на сите генерации – членство во ЕУ! Алтернатива и време за чекање младите немаат.“, стои во фејсбук-статусот на министерот Николовски.
