Министерот Николовски со порака за здравјето: Одговорност кон планетата и кон сопственото здравје!

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски со искрена и моќна порака по повод денешниот ден – Светски ден на здравјето!
-7 април Светскиот ден на здравјето, е посветен на подигање на свеста за здравјето на луѓето ширум светот. Здравјето зависи од нашата способност да ја разбереме и управуваме интеракцијата помеѓу човековите активности, и физичката и биолошката средина.
Важноста од зачувување на природата и спречување на негативните последици по животната средина, зголемената потрошувачка на енергија, глобалното затоплување и климатските промени, треба да не направат уште повеќе свесни и одговорни кон нашата планета Земја, а со тоа и одговорни кон грижа за нашето здравје.
Да се радуваме на секој нов ден, здрави, среќни и полни со живот. Нека е честит Светскиот ден на здравјето, порача Николовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e