Министерот Николовски оствари средба со заменик-амбасадорот на Швајцарија

Денеска, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски оствари протоколарна средба со заменик-амбасадорот на Швајцарија, г. Стефан Томаџан, кој ги презентираше проектите поддржани од Владата на Швајцарија, во областа на македонското земјоделство и рурален развој.

– На средбата се запознав со текот на проектите за „Подобрување на пазарната вработливост- IME“ кој се спроведува за поддршка на македонското органско производство и извоз на органски производи од Македонија, на странските пазари, потоа проектот “SIPPO”, кој е за унапредување и промоција на извозот од Македонија, во Швајцарија и во Европската унија, како и проектот „Овозможување на операционализација на ЛИДЕР“, во Македонија. Сите овие проекти се важни за развојот и модернизирањето на македонското земјоделството. Со заменик- амбасадорот на Швајцарија, г. Стефан Томаџан, се договоривме дека во следниот период ќе ја унапредиме соработката на сите полиња во областа на земјоделството, посочи Николовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e