На денешната средба, менаџментот на “Сокотаб” – Битола, претставниците на раководството од Женева, го информираа министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски за состојбата со тутунската индустрија во Македонија, пласманот на македонскиот ориентален тутун на странските пазари, но и за идните планови на компанијата. На средбата присуствуваа г-н Џонатан Вертхајмер, г-н Аурелио Манети, г-н Џовани Беги и г-ѓа Билјана Силјановска.
“Сокотаб”, откупува речиси 50 проценти од производството на тутун во земјава. Претставниците од Женева, изразија задоволство од квалитетот на македонскиот ориентален тутун, пласманот на странските пазари, но и од заложбата на новата Влада, за поддршка на примарните производители на тутун.