Министерот Николовски на средба со амбасадорот на Австрија Вуцас: Зголемување на соработката

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски денеска оствари средба со
амбасадорот на Австрија, д-р Георг Вуцас.

-Денеска одржавме конструктивна средба, на која отворено и искрено ја потврдиме поддршката која недвосмислено ја има нашата држава од пријателска Австрија. Унапредувањето на размената на стоки, зголемен извоз, како и зголемување на соработката помеѓу нашите две министерства се наша цел и приоритет. Благодариме за целосната поддршка од Австрија за европските аспирации на нашата држава кон патот до ЕУ, порача Николовски по средбата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e