– По силното невреме што вчера го зафати скопско – кумановскиот регион, веднаш, утрово побаравме официјална информација од Управата за хидрометеоролошки работи врз основа на која ќе ја почнеме постапката за формирање на Kомисии за увид на состојбата и за проценка на штети врз земјоделските капацитети, посочи министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски.
-Денеска исто така дадов и налог, вработените од подрачните единици на министерството, да излезат на терен и до утре да достават првичен увид за настанатите штети. Од теренскиот увид комисиите ќе изготват записници, кои ќе бидат доставени до Секторот за анализа на земјоделска политика во МЗШВ. Секторот, записниците ќе ги проследи до Бирото за судски вештачења, кое ќе изготви извештаи со проценка на настаната штета поединечно за секој барател, информираше Николовски.