Министерот Бочварски стана татко

Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски стана татко. Неговата сопруга Маринела роди ќерка, која ќе го носи името Бјанка.

Среќната вест таткото ја сподели на социјалните мрежи и напиша дека ова му е најубавиот момент во животот.
“Кога детето ќе ја види светлината на денот, тоа е најубавиот момент во животот на родителите. Благодарам за храброста, пожртвуваноста и трпението Маринела, нека е здрава, среќна и благословена Бјанка. Благодарност до целиот тим во Клиниката за Гинекологија предводен од доктор Викторија Јовановска“, напиша Бочварски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e