Статистичкиот заклучок е дека министерката Божиновска за 16 месеци била на 22 службени патувања, со што, како што оценуваат ресорното министерство, „Македонија денес има активна и видлива енергетска дипломатија“, пренесува Рацин.
Редакцијата на Рацин.мк испрати мејл до Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, со кое побарале информации за бројот на службените патувања на министерката Сања за периодот од нејзиното назначување за член на Владата и на чело на ресорот до 31 октомври оваа година.
За да нема било какви недоразбирања, одговорите од Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ги пренесуваат во целост и во нив се вели:
Во периодот од преземањето на функцијата до 31 октомври 2025 година, министерката Сања Божиновска реализираше службени патувања исклучиво во функција на зајакнување на регионалната и европската енергетска соработка, интеграцијата на Македонија во европските енергетски политики и напредокот на националните енергетски стратешки приоритети.
Она што е важно да се потенцира е следново:
1. Македонија денес има активна и видлива енергетска дипломатија
Пред формирањето на Министерството за енергетика, државата речиси и да немаше систематско учество во клучни европски и глобални состаноци каде се креира енергетската политика на континентот.
Со воспоставувањето на Министерството и со новата динамика на работа, Македонија повторно е поставена на европската енергетска мапа – како земја која активно учествува, предлага, преговара и гради партнерства.
Присуството на министерката Божиновска на високи формати како Берлинскиот процес, министерските совети на Енергетската заедница, CESEC, меѓународните форуми за зелена транзиција, безбедност на снабдување и интеграција на пазарите, за првпат ѝ обезбедува на Македонија сериозна улога во европската енергетска архитектура.
2. Целосна транспарентност на сите патувања
Сите службени активности на министерката се целосно објавени и достапни на јавноста, преку:
официјалната веб-страница на Министерството, во секцијата „Активности“ и „Соопштенија“,
редовните прессоопштенија доставувани до сите медиуми,
финансиската документација која е дел од годишната завршна сметка, согласно законските обврски.
3. Трошоците за патувањата
Трошоците за службените патувања кои се на товар на Министерството се евидентирани во финансиската документација / годишната завршна сметка.
Во дел од случаите, трошоците за учество на меѓународни конференции и форуми беа покриени од организаторите, во рамки на нивните програми за официјални гости. Бидејќи станува збор за деловни аранжмани на трети страни, информации можете да добиете од нивна страна.
4. Листа на службени патувања (до 31 октомври 2025)
Подолу ги доставуваме информациите кои се веќе јавно достапни преку соопштенијата на Министерството.
Божиновска на SEEF 2024 – Енергетски форум на Југоисточна Европа – 06.09.2024 – регионален форум
2024
SEEF 2024 – Енергетски форум на Југоисточна Европа – 06.09.2024 – регионален форум – панелист
Вашингтон, САД – средби и конференција за енергетска безбедност – 10.09.2024 . 9-то издание на годишната конференција за енергетска безбедност на Централна и Источна Европа во Вашингтон
„Неделата на одржлива енергија“ – УНЕЦЕ, Женева – 18.09.2024
Виенски економски форум – Виена – 04.11.2024“Виенски дијалог за иднината 2024 во Виена, Австрија
Заедничка меѓувладина седница – Приштина – 18.11.2024
COP29 – Баку – 15.11.2024 Дел од високата државна делегација предводена од претседателката Гордана Силјановска Давкова, учествува на COP29 – 29. Конференција на Обединетите нации за климатски промени во Баку, Азербејџан. Говорник на Панел-дискусија „Патот кон нула-енергетски згради во поширокиот Балкански регион“
22-ри Министерски совет на Енергетската заедница – Виена – 2024
Енергетски самит – Атина – 05.02.2025 говорник на панелот со наслов „Енергетската голема игра – Геополитика и глобалниот енергетски пазар“.
2025
Енергетски самит – Атина – 05.02.2025 говорник на панелот со наслов „Енергетската голема игра – Геополитика и глобалниот енергетски пазар“.
Меѓувладина седница – Будимпешта – 05.03.2025
Економски комитет – Прага – 11.03.2025 + Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска, заедно со претставници од Министерството, делегација од ЕСМ и македонски новинарски екипи, оствари посета на термоелектраната Тушимице во Чешка.
Официјалната посета на Азербејџан, дел од македонската делегација предводена од претседателката Силјановска Давкова / Официјални средби – Баку, Азербејџан 14/03/2025
Како амбасадорка на WOBA за Македонија, Божиновска учествуваше на работен состанок со останатите амбасадорки од регионот,
Adria Summit – 09/04/2025 панел „Energy Auctions as Catalysts for Renewable Energy Deployment in the Western Balkans, организиран од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР),
Балкански енергетски самит – Атина – 28.04.2025
Европски парламент – Брисел – Форум за пазарна интеграција – 21.05.2025 Taking Implicit Electricity Market Coupling Beyond EU Borders
2025Астана Интернационалниот Форум (AIF 2025).Астана –30.05.25 – Божиновска учествуваше на главните сесии на форумот, посветени на енергетиката, климатските промени и одржливиот развој. Обраќање на пленарна сесија со наслов „THE RESOURCE RACE: WHO CONTROLS THE GREEN FUTURE“.
Бизнис форум Италија – 02/07/2025 Бизнис форумот „Италија – Северна Македонија“, кој е насочен кон продлабочување на економската соработка помеѓу двете земји, со фокус на инвестиции во инфраструктурата и енергетиката.
20 години Енергетска заедница – Атина 17.07.2025
erlin Global Dialogue – Берлин 24.10.2025
Состанок на министри за економија од Берлинскиот процес – Лондон – 16.10.2025
CESEC министерски состанок – 27.10.2025 Министерски состанок за интеграција на пазарите на гас и електрична енергија на регионалната иницијатива за енергетска поврзаност на Централна и Југоисточна Европа (CESEC)
P-TEC Форум – Атина – 06.11.2025 (надвор од бараниот датум, но наведено за контекст)
5. Зошто овие патувања се значајни – стратешка вредност за државата
Секоја од овие посети беше концентрирана на:
обезбедување нови енергетски партнерства,
интеграција на Македонија во европскиот пазар на електрична енергија,
унапредување на гасните интерконекции,
привлекување инвестиции во обновливи извори,
позиционирање на земјата во новата геополитика на енергијата и критичните минерали.
Ова е прв пат Македонија паралелно да учествува на сите клучни европски енергетски формати, што ја прави земјата релевантен и доверлив партнер во регионалната и европската енергетска архитектура, оценуваат од Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини.
