Граѓаните на Северна Македонија, Албанија и Србија ќе можат да патуваат во овие држави без ПЦР тестови, додека ако се лекуваат од Ковид-19 при престој во некоја од земјите нема да плаќаат за болничкото лекување.
Ова се дел од одредбите во договорот кој денеска беше потпишан меѓу владите од трите држави, по состанокот преку видео врска на македонскиот премиер Зоран Заев, албанскиот Еди Рама и српскиот претседател Александар Вучиќ.
Српскиот претседател Вучиќ и албанскиот премиер Рама порачаа дека се задоволни што се создава поголема блискост и доверба меѓу трите земји.
Србија и Албанија потпишаа и договор со кој граѓаните меѓу двете земји ќе можат да патуваат само со лична карта, нешто што Северна Македонија веќе го има како договор со овие две соседни држави.
Извор: 24вести