Тоа што Владата не е спремна да го испрати усвоениот предлог закон од СДСМ и ДУИ до Венецијанската комисија ни дава право да се сомневаме дека не веруваат во сопствените предложени решенија, рече пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски по денешната средба со министерката за правда, Рената Дескоска, а во врска со Законот за јавно обвинителство, со кој се дефинира идниот статус на СЈО.
Милошоски по средбата изјави дека власта има расположение за поинакви кадровски решенија, освен за Катица Јанева и, како што додаде, тоа е добар сигнал, но министерката Дескоска тоа го негираше, велејќи дека воопшто не се зборувало за Катица Јанева и за кадровски решенија.
Милошоски рече дека и посакале на министерката за правда Рената Дескоска да не биде разрешена во следниот период во реконструкцијата што ја најави премиерот Зоран Заев и и честитале за тоа што станала претседател на советодавното тело за реформи во правосудството.