Порталот Либертас во пишува дека во октомври 2015 година објавиле фотографија од дипломатскиот пасош кој екс-директорот на УБК, Сашо Мијалков, го добил како експерт по неговата оставка, тој веднаш реагираше и изјави дека се откажува од пасошот, иако не го ни подигнал.
Реагираа и тогашниот министер за внатрешни работи, Митко Чавков, како и МНР под раководство на Никола Попоски од ВМРО-ДПМНЕ.
„Па еве, побарало МВР… човекот е под апанажа… други прашања“ – беше краткиот и нејасен одговор на Чавков даден тогаш со паузи помеѓу зборовите.
Сепак, порталот НОВА вчера објави текст за дипломатските пасоши кои ги издавало МНР за време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ.
Повикувајќи се на документите до кои дошле, НОВА пишува дека во моментов има над 1.300 дипломатски пасоши.
Еден од дипломатските пасоши, според порталот, е токму на Мијалков.
„Патната исправа му е издадена на 29 септември 2015 година со важност до 2020 година. Да не беше барањето на СЈО да му се одземе пасошот на Мијалков, тој и натаму ќе беше во негов посед“, пишува НОВА.
По ова, се поставува прашањето – дали Мијалков и Никола Попоски (односно МНР) ја лажеле јавноста – Мијалков кога изјави дека не го подигнал дипломатскиот пасош и дека се откажува од него, и МНР кога испратија соопштение дека го поништиле дипломатскиот пасош на Мијалков.
Извор: Либертас