Мијалков осуден на уште 8 години затвор во случајот “Трезор”

Во Основниот кривичен суд во Скопје денеска беа изречени пресудите за предметот „Трезор“, кој се однесува на злоупотреба на средства од Буџетот на државата за набавка на електронско-комуникациска опрема за потребите на Петтата управа при УБК и обука за нејзино користење од фирма од Велика Британија.

Во „Трезор“ првообвинет е поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков, како и поранешниот шеф на неговиот кабинет Тони Јакимовски, поранешниот помошник-министер во МВР Небојша Стајковиќ, и поранешениот началник на Петтата управа во МВР Горан Грујевски. Тројца се товарат за злоупотреба на службената положба и овластувања, а Тони Јакимовски за помагање.

Според обвинението, во овој случај се злоупотребени над 860 илјади евра.

Случајот „Трезор“ го води судијката Џенета Бегтовиќ, а застапник на обвинението е ОЈО за организиран криминал, кое го презема предметот од поранешното СЈО.

Ова се изречените казни:

Сашо Мијалков, 8 години затвор

Горан Грујевски, 15 години затвор

Небојша Стајковиќ, 5 години затвор

Тони Јакимовски,  5 години затвор

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e