Мијалков нудел имот вреден 1 милион евра за да излезе од Шутка

Понуда вредна милион евра за да се отворат портите на Шутка за поранешниот шеф на тајната полиција Сашо Мијалков е во рацете на судијката за претходна постапка.  За да излезе од притвор Мијалков понудил гаранција составена од три недвижни имоти, проценети на вкупно 1.092.000  евра дознава Телма од судски извори.

Од одбраната потврдија дека понудиле гаранции дека нема да бега, но не откриваат ниту каков имот се заложува, ниту дали е само во сопственост на Мијалков, или и на роднини и пријатели како што често знаат да понудат обвинетите во замена за слобода. Одлуката се очекува наредните денови.

Мијалков е во Шутка од 20-ти ноември.  Првиот притвор му беше определен за предметот за прислушувањето „Таргет Тврдина“ каде СЈО како доказ дека ќе избега нудеше допис од Агенцијата за финансиско разузнавање дека поседува 11 милиони евра, но на туѓи сметки. Ова одбраната го негираше и обвини за незаконски притвор. По десетина дена СЈО побара да се укине тој притвор и побара нов, за истрагата за „Империја“. Мијалков се жалеше и за овој притвор но Кривичниот совет го одби.

Повеќе прочитајте ТУКА.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e