Голем број факти кои ја прават разликата во владеењето меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ се очигледни.
Тука може да се споменат и судските процеси кои ги имаше лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицковски, за клевета, едниот против СДСМ, другиот против лидерот на Интегра, Љупчо Ристевски, а при тоа судот одлучи во полза на Мицковски.
Со овие судски одлуки се отфрлаат тврдењата на опозицијата дека власта врши притисоци врз судиите и дека има влијание во носењето судски одлуки.
Сепак, и покрај очигледните примери со истраги и со судски одлуки, ВМРО ДПМНЕ продолжува со обидите да го популаризира рејтингот со постојани обвинувања за независно судство, за узурпирани обвинителства и судови, нешто кое впрочем останува врежано како карактеристика за нивното владеење.
Нивната окупација на институциите беше толку очигледна, за потоа кога се потврди со прислушкуваните материјали, не постоеше друг излез освен да се формира СЈО и да се отворат десетици предмети за криминалното влдеење, нешто од кое Мицковски никогаш не се огради, иако за предметите против неговите сопартијци има и пресуди, а некои од нив одамна се во затвор на издржување на казните.
Напротив, Мицкоски не собра храброст, а не е тешко да се препостави дека стравот му го држи Груевски, јавно да ги осуди постапките на голем број припадници на ВМРО ДПМНЕ, а потоа ако сакаше чесен пристап во политиката да ги тргне обвинетите од раководството и од органите на партијата.
Наместо тоа граѓаните се сведоци како Мицкоски не пропушта прилика да отпатува во Будимпешта, како нема намера да расчисти со оние за кои има процеси за криминал, и како и понатаму ќе остане да манипулира за посто.