Застана ли претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на синоќешната трибина во Крива Паланка, јавно и без срам на страната на насилството?
-Неправда е кога патриоти денеска лежат со затворски казни повисоки од два века, рече Мицкоски, најверојатно мислејќи на насилниците со тешки криминални досиеја, кои на 27 април, како во хорор филм, влегоа во Собранието со фантомки на главите и крвнички тепаа пратеници, а имаа и задача да го убијат тогашниот лидер на опозицијата, Зоран Заев.
Ако за Мицкоски, насилници кои цел свет ги виде како организирано влегуваат во храмот на демократијата и крвнички тепаат народни избраници, тие се патриоти, тогаш јавноста треба да се запраша, каков лидер има опозициската партија.
Всушност, вистината е дека и самиот Христијан Мицкоски беше во толпата пред Собранието на 27 април.