Мицкоски: Власта не се руши со еден потег

Јас и ВМРО-ДПМНЕ имаме еден противник: СДСМ и Заев кои создадоа елитизирана каста обединета од криминалот. Оваа власт ќе падне на граѓански протести, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во интервју за Дојче Веле.

-Оваа власт, оваа количина на омраза и поделби креирани од власта, толкава количина на зло, не се руши со еден потег. Тоа е долга борба и оваа власт ќе падне на рати. Изборите кои поминаа беа почетокот на крајот на падот на власта на Заев. Нема нова енергија со старите и истрошени кадри во Владата, која не понуди ништо ново. Воедно тие ги понудија старите ветувања, а нови се само долговите. Оваа власт ќе падне на граѓански протести, а опозицијата ќе се окрупнува. Следува широк опозициски фронт кој ќе биде израз на револт за сиромаштијата, за долговите кои ни ги оставаат и за неправдите кои ни ги причинуваат. Што се изгради за овие четири години? Ние немаме уште нови четири години за да и ги дадеме на мафијата да ни ги потроши. И морам да прокоментирам еден дел од таа шизофрена и нереална ситуација која се наметнува поради медиумското окупирање на власта, а тоа е чувството дека ВМРО-ДПМНЕ не правело протести. Ќе ве потсетам на протесните маршови ширум државата, на протестите по градовите и марширањето што таму се случуваше. Сега следува одново граѓанско здружување. Бранот на промени веќе почнува во државите во регионот, а Заев нема да биде исклучок. Ќе повторам, има огромно опозициско расположение. Бројките покажуваат дека повеќе луѓе на последните избори гласаа за опозициските партии откоку за власта. – вели Мицкоски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e