Мицкоски убеден дека може да се најде решение за Законот за ЈО

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во вечерашното гостување во „24 Отворено“ изјави дека е можно да се изнајде решение за законот за ЈО со СДСМ и истакна и дека интензивно работат на тоа, иако немаат официјални средби, комуницираат на ниво на документи кои се разменуваат помеѓу двете партии како документи.

„Тоа што се случува сакаме јавноста транспарентно да го знае. Преговараме. Ние до договор може да дојдеме и додека трае емисијава.“ – вели Мицкоски.

Мицкоски посочи и дека граѓаните гледаат како власта го „амнестира криминалот“ и ги премолчува големите скандали што ја тресат државава.

„Власта на оној нелегален и криминален начин преку оној допис на притвореничката Јанева од затвор некако насила ги префрлија предметите во рамките на ЈО, без никаков закон, без никаков нотар да го потврди автентичноста на потписот на притвореничката Јанева. Без судија да го одобри текстот итн. И ќе ве потсетам г. Јовевски определен период пред да засноваат редовен работен однос овие обвинители враќајќи се во матичните обвинителства им додели овластувања да ги застапуваат предметите пред суд“, посочи Мицкоски.

Лидерот на опозициската партија истакна дека според ова „ако некој дава амнестија, тоа е оваа насилничка постапка, која што ја спроведе Јовевски по налог претпоставувајќи од Заев“.

„Таа одлука стигна после онаа средба која што беше фотографирана и таа фотографија циркулираше во јавноста. Каде што добива консултации односно совети од еден од адвокатите на премиерот на државата. И веднаш потоа се случи она писмо“, додаде Мицкоски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e