Никаде, буквално никаде во мојот разговор со господинот Борисов, јас не ја споменувам онаа извртена вистина што за жал СДСМ ја употребува во јавноста. Ова е основата за моето професионално работење на Машинскиот факултет, беше одговорот на новинарско прашање на лидерот на опозиијата Христијан Мицкоски на денешниот прес.
„Што се однесува до моето образование работам најпрво како хигиеничар во една приватна компанија, потоа монтажер на сплит системи, за да потоа станам инженер за термотехнички инсталации да добијам понуда да бидам и директор во таа компанија. Но потоа на покана на една моја драга професорка која што сега е во пензија, се вработувам на Машинскиот факултет, при тајно гласање, прв случај во историјата Машинскиот факултет. Се вработувам на истиот како помлад асистент и напредувам. Во мојот професионален ангажман на Машинскиот факултет имам студиски престој на Универзитетите во Италија, студиски престој на Универзитетите во Унгарија, во Словенија, докторски престој на неколку Универзитети во Сојузна Република Германија. Како и стипендист на италијанската влада и како стипендист на германската влада“, вели Мицкоски.