Мицкоски призна и се правда дека не бил доволно информиран за новите протоколи

“Да, точно е дека бев со двајца мои познаници во ресторан во Дебар Маало, прв пат по укинувањето на забраната за посета на угостителските објекти, поради што и не бев информиран доволно за новите протоколи.” – меѓу другото го напиша и ова, доцна вечерва, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

До ова признавање, поминаа повеќе од осум часа молк од страна на Мицкоски.

Дали признавањето на вина дојде дури откако беше направен безуспешен обид да се избришат снимките од безбедносните камери, како што јавуваа повеќето медиуми, ќе покаже истрагата.

А за причината со која се правда, оставаме да цени јавноста.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e