Со голема почит и со најдлабоки чувства на благодарност на сите припадници на полицијата и вработените во МВР им го честитам 7 Мај – денот на полицијата, напиша на Фејсбук претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
„Полицијата е заштитник на граѓаните и државата. Бидете горди што можете да и служите на татковината и да допринесете за зачувување на јавниот ред и мир.
Во овие моменти на тешка криза Вие сте нашите херои, и заедно со здравствените работници сте во првите редови на борба против короната. Бидете автономни, независни во делувањето и во заштита на законот. Потребна ни е апсолутна правда и владеење на законите.
Честит ден на полицијата!“, истакна Мицкоски.