Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во гостување во емисијата „Отворено“ соопшти дека неговата партија бара правда и владеење на правото, почитување на законите додавајќи дека секој кој што се огрешил пред законот мора да одговора соодветно пред органите на прогонот
„Нашата заложба е безусловно почитување на законите и Уставот и ние ги охрабруваме органите на прогон, правосудството во државата да расчисти со криминалот, но не само да расчисти со криминалот за оние луѓе за кои постои сомнение дека сториле криминалот од 2008 до 2015. Да се расчисти и после 2015, но и пред 2008. Да се расчисти и да нема стареење за дела каде што постои сомневање за сторен криминал, секој што се огрешил пред законот да си одговара и осрамотил пред граѓаните, без разлика на тоа дали бил премиер, министер, директор или лидер на опозиција, дали бил припадник на една или друга политичка партија“, кажа Мицкоски.